Дома Останати Тенис Потврден терминот за последниот меч во кариерата на Федерер

Потврден терминот за последниот меч во кариерата на Федерер

Спортската јавност е во исчекување на последниот меч во играчката кариера на Роџер Федерер, денес официјално е потврден терминот.

Федерер ќе се прости од големата сцена во дубл меч во тандем со Рафаел Надал на популарниот Лајвер Куп. Двајцата долгогодишни ривали, но и пријатели ќе бидат фафорити против Џек Скок и Френсис Тиафо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како меч на денот овој дуел ќе се игра околу 21:00 часот, на крајот на целата програма.

Прошталниот меч на Федерер ќе биде веднаш по завршувањето на дуелот помеѓу Енди Мареј и Алекс Де Минор кој се игра од 19:00 часот на „02 арена“ во Лондон. Натпреварувањето ќе го отворат сингл пресметките меѓу Каспер Руд (Норвешка) и Џек Сок (САД) од 13 часот, како и меѓу Стефанос Циципас (Грција) и Диего Шварцман (Аргентина).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …