Дома Трансфер зона Потврда стигна и од Гвардиола: Сане заминува, познато и каде!

Потврда стигна и од Гвардиола: Сане заминува, познато и каде!

Желбата на Лерој Сане да го напушти Манчестер Сити од поодамна е очигледна и изгледа дека ова лето конечно ќе му се исполни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, бројни европски медиуми тврдат дека работата е завршена и дека само прашање на време е кога трансферот на Сане ќе биде официјално потврден.

Во минатото се споменуваа разни бројки, но сега се верува дека Баерн го договорил Сане за сума од околу 50 милиони евра. Со оглед дека зад 24 годишниот репрезентативец е тешка повреда, а и влегува во последната година од договорот ниската сума и не треба да изненадува.

Дека Сане е пред трансфер во Баерн потврди и Гвардиола.

„Постојат уште некои детали, но изгледа дека тој оди во Минхен. Му посакувам се најдобро. Му благодарам за нашите заеднички години. Тој сега ќе испише ново поглавје во одличен клуб“, изјави Гвардиола.

Инаку, Сане беше едно од првите засилување на Гвардиола по доаѓањето во Сити. Во летото 2016 Сити на Шалке му пати 50 милиони евра. Во дресот на Сити Сане собра 135 настапи, постигна 39 голови и подели 45 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…