Дома Топ вести Постигнат договор: Тонали во Њукасл за 75 милиони

Постигнат договор: Тонали во Њукасл за 75 милиони

Англиските и италијанските медиуми потврдија дека Милан и Њукасл постигнале договор за трансфер на Сандро Тонали.

Премиерлигашот најпрво испрати понуда од 65 милиони евра за потписот на Тонали, но Милан експресно ја одби понудата бидејќи сакаше 80 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа, Њукасл не се откажа и испрати нова понуда од 75 милиони евра, која Милан ја прифати.

Италијанецот иако сакаше да остане во Милан, сепак ја прифати понудата на „чавките“, каде ќе заработува три пати повеќе.

Имено, Тонали постигнал договор за 5-годишна соработка и плата од 7 милиони евра по сезона, а трансферот треба да биде комплетиран во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Лестер: Може да ја добие најголемата казна во историјата на Премиер лигата!

Eкипата на Лестер минатата сезона триумфираше во Чемпионшиш и следната сезона повторно ќе …