Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Челзи Немања Матиќ е на чекор до трансфер на „Олд Трафорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доаѓањето на Бакајоко и намерата на Конте да го задржи Фабрегас ќе значи и заминување на Матиќ, кој нема да биде стандарден, а не сака да ја грее клупата.
„Сините“ сакаа да го продадат надвор од Премиер лигата, започнаа пеговори со Јувентус, но за „старата дама“ Србинот беше прескап.
Англиските медиуми денес потврдија дека трансферот е пред реализација и открија детали. „Црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат скоро 50 милиони евра.
Матиќ веќе има постигнато договор со клубот од „Олд Трафорд“, каде ќе заработува 8,5 милиони евра и ќе потпише 4-годишен договор.
Србинот беше голема желба на Жозе Мурињо кој добро ги познава неговите карактеристки и смета дека ќе биде идеален партнер на Погба во средниот ред.