После шест години во Премиер лигата се враќа тимот на Вулвехемптон.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако до крајот им остануваат уште четири натпревари Вулверхемптон го слави враќањето во Премиер лигата бидејќи Фулам одигра нерешено со Брентфорд (0:0).
Вулверхемптон веројатно од првото место ќе оди во Премиер лигата додека во последните натпревари за втората позиција жестока борба ќе водат Кардиф, Фулам и Астон Вила.
Трикратниот шампион на Англија зад себе има голема армија навивачи и сигурно дека сите го слават враќањето во елитното друштво. Овој тим во 2009 година успеа да се врати во Премиер лигата и тука се задржа неколку години, но потоа следуваше голем пад и играа дури и во Лига 1 (трето по ранг натпреварување во Англија).
Според многумина „виновник“ за нивното враќање во Премиер лигата е познатиот агент Жорге Мендеш кој со помош на богатите кинеските сопствници кои го купија клубот доведе повеќе фудбалери. Неговите Португалци беа фантастични оваа сезона и наводно е спремен да доведе нови поголеми засилувања.
Според последните информации најголемото засилување за овој клуб за наредната сезона би требало да биде Андре Силва од Милан.