Дома Фудбал Италија После подолго време нови информации за ситуацијата на Михајловиќ

После подолго време нови информации за ситуацијата на Михајловиќ

Спортската јавност во Италија и регионот веќе некое време беше без информации за здравствената состојба на Синиша Михајловиќ кој во болница во Болоња се бори со леукемијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес помошникот на Михајловиќ, Емилио Де Лео на конференцијата за медиуми пред гостувањето кај Пиза во Купот на Италија пренесе убави вести.

„Се слушаме цело време и се бори како никогаш претходно. Цело време дискутираме кој ќе биде во стартните 11. Сега не е како претходно. Јасно е, на крајот тој е оној кој се прашува кој ќе игра“, порача Де Лео.

И покрај густиот распоред на лекување и опоравување Михајловиќ успеал да ги гледа сите припремни натпревари и тренинзи користејќи „лајв стрим технологија“ (пренос преку интернет), а дури и давал инструкции како играчите треба да функционираат на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Шведска започна силно на Светското првенство и на натпреварот од првото коло во групата Ф,…