Дома Фудбал Останато После најавите дека ќе се пензионира се огласи Игуаин

После најавите дека ќе се пензионира се огласи Игуаин

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Челси и Реал Мадрид, Гонзало Игуаин демантираше дека на крајот на сезоната планира да замине во пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена неговиот татко Хорхе кажа дека Игуаин ќе ја прекине фудбалската кариера на крајот на сезоната, но тој тврди дека тоа не е вистина.

„Тоа беше недоразбирање, во целост сум посветен на мојот тим и кога ќе донесам таква одлука јас ќе ви ја соопштам. Тоа што татко ми и други луѓе кажуваат некои работи нема никаква врска со тоа што го правам јас. Во моментов размислувам само за екипата“, изјави напаѓачот.

Игуаин потпиша за Интер Мајами во 2020 година, а досега одигра 43 меча и постигна 14 голови, додека во текот на кариерата се закити со 13 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …