Дома Фудбал После веста дека животот му е во опасност се огласи самиот Марадона

После веста дека животот му е во опасност се огласи самиот Марадона

Легендарниот Аргентинец истакнува дека нема потреба за загриженост.

Веста дека Диего Марадона е итно пренесен во болница во текот на вчерашната вечер ја загрижи фудбаската јавност.

Марадона доби илјадници пораки на друштвените мрежи, а тој неколку часа подоцна самиот се огласи и им порача на своите фанови дека е добро.

„Сакам да ви се заблагодарам на пораките за охрабрување. Жал ми е што е се грижевте без причина. Сакам да ви кажам дека ништо не се случи. Се грижам за моите внуци Бењо и Диегито Матијас, како и за мојот син Диего Фернандо. Ви испраќам бакнеж на сите“, напиша Марадона на својот Инстаграм профил.

maadona

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно го сака Бергвал, но Јувентус има поконкретен план

Лукас Бергвал има само 144 минути во Премиер лигата сезонава. Барселона повторно го следи,…