Eксмакедонскиот репрезентативец, Леонард Жута е нов член на хрватскиот Шибеник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
31-годишниот дефанзивец со хрватскиот клуб потпиша договор на една година со можност договорот да биде продолжен.
„Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многупати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик“, изјави Жута.
Претходно во хрватска Жута го носеше дресот на Ријека од 2015 до 2019 година, а успеа да дојде и до две шампионски титули.