Дома Македонски спорт Мак ракомет Порака од „Чкембари“ пред дербито: Џинот се буди, Битола доаѓа по своето

Порака од „Чкембари“ пред дербито: Џинот се буди, Битола доаѓа по своето

Утре се игра големото ракометно дерби помеѓу Вардар и Е.Пелистер, а за ривалството помеѓу Битола и Скопје не треба да се трошат премногу зборови.

„Комитите“ денес на тренингот на Вардар ги изненадија своите миленици со вистинско шоу (тука), а „Чкембари“ испратија порака дека Битола доаѓа по „своето“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Играјте и остабете срце на терен! Изгинете за светиот дрес. Оставете срце на терен за честа на Битола, за Чкембари. Можеби нема да бидеме во сала и да ве бодриме, да бидеме вашиот осми играч, но треба да знаете дека Битола ќе гори! Во секое кафуле, во секој дом, на секое ќоше ќе се следи и навива, за вас, за Пелистер, за Битола! 16 години го чекавме овој момент, сè направија за да го уништат ракометниот џин и најракометниот град во Македонија, но џинот се буди, а Битола доаѓа по своето. Само еден тим е вечен“, гласи пораката од навивачите на битолскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…