Дома Трансфер зона Понудата веќе испратена до Хрватот: Интер го сака Дарио Срна

Понудата веќе испратена до Хрватот: Интер го сака Дарио Срна

Поранешниот капитен на хрватската репрезентација, Дарио Срна би можел да направи трансфер во редовите на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така барем тврди познатиот италијански новинар, иначе доверлив извор кога се трансферите во прашање, Џанлука Ди Марцио.

Ди Марцио наведува дека Срна е голема желба на управата на италијанскиот клуб и веќе му понудиле договор на една година.

Срна поради суспензијата не играше фудбал девет месеци, а во Интер сметаат дека 36 годишниот фудбалер се уште може да игра на високо ниво. Интер се враќа во

Лигата на шампионите и сигурно дека ќе играат само најспремните.

Миланскиот клуб во овој момент на позицијата десен бек ги има Давиде Сантон, Жоа Кансело и Данило Д’Aмбросио. Доколку Срна пристигне на „Џузепе Меаца“ еден од овие тројца веројатно ќе го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…