Поминаа точно 18 години од финалето во Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид го победи Баер Леверкузен со 2:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој натпревар ќе остане запаметен по тоа што Зинедин Зидан го постигна еден од најубавите голови видени во тоа натпреварување. Резултат на „Хамден Парк“ во Глзагов се до 45. минута гласеше 1:1. Тогаш Зидан го изведе најпознатиот волеј во историјата на фудбалот и ја испрати топката во голот на Ханс-Хорг Бат. Оние кои го гледаа тој натпревар сигурно се сеќаваат како „вчера“ да се случило.
Освен што беше прекрасен тој гол ќе се памети и како еден од најважните во историјата бидејќи беше пресуден Реал да ја освои 9-тата круна на „Стариот континент“.
Останатите два гола на тој натпревар беа дело на Раул и Лусио.