Дома Фудбал Англија Покетино: Неповторлива шанса да испишеме историја!

Покетино: Неповторлива шанса да испишеме историја!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино знае дека неговиот тим има шанса да ја напише клупската историја со евентуалното освојување на трофејот од Лигата на Шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тотенхем се избори за историски настап во финалето од ЛШ, па Покетино смета дека неговиот тим треба да го направи одлучувачкиот чекор и да го крене трофејот.

„Се уште не сум се одлучил за стартниот тим. Секој фудбалер од тимот е важен. Пред неколку недели предложив на играчите да си направиме заедничка слика. Изгледа дека од УЕФА слушнале, бидејќи пред финалето ќе можеме да излеземе апсолутно сите од тимот и да се фотографираме на стадионот“, истакна Покетино.

„Финалето се игра за да победиш, а против нас имаме тим како Ливерпул, кој е одличен состав и Клоп кој е одличен менаџер. Сакаме да ја испишеме нашата приказна во Лигата на шампионите, а ова е неповторлива шанса. Затоа не сакам да зборувам за инвидуалци туку да се забавуваме на теренот и на крајот да се радуваме“, заклучи Аргентинецот.

Финалето се игра вечерва во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ со почеток од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …