Дома Фудбал Познато колку време ќе отсуствува Жорди Алба

Познато колку време ќе отсуствува Жорди Алба

Барселона ќе биде без левиот бек Жорди Алба во следните две недели, соопшти денес каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алба синоќа се здоби со повреда па мораше предвреме да ги напушти дуелот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека левиот бек има истегнување на бутниот мускул, па ќе мора да одмара следните две недели.

Алба ќе ги пропушти натпреварите против Гранада, Виљареал и Гетафе, а се очекува на терените да се врати за мечот против Интер во ЛШ на 2. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…