Дома Трансфер зона Познати детали од договорот кој Шчесни треба да го потпише со Барселона

Познати детали од договорот кој Шчесни треба да го потпише со Барселона

Според последните информации од шпанските медиуми, Војчех Шчесни ќе се врати од пензија за да потпише договор со Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот голман на Јувентус и Арсенал неодамна објави дека се повлекува од професионалниот фудбал, меѓутоа понудата од каталонскиот гигант изгледа го натерала да се премисли.

Шчесни во последната сезона го чуваше голот на Јувентус од каде што си замина по доаѓањето на Ди Грегорио, а сега одлучил да ја прифати понудата од Барселона која тргна во потрага по голман по повредата на Тер Штеген.

Според најавите Шчесни би потпишал договор вреден три милиони евра со важност до јуни наредната година и во него би биле вклучени одредени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…