Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, инсистира на „Џузепе Меаца“ да го доведе играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна во победите против Јувентус и Рома.




Чешкиот играч за врска го воодушеви Симоне Инзаги, како и директорот на италијанскиот шампион Бепе Марота, кои сега го означија како примарна цел за следното лето.




Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Интер сепак ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Барак интерес покажуваат уште Милан и Вест Хем.