Дома Трансфер зона Погба испраќа барање за трансфер, Јунајтед веќе најде замена

Погба испраќа барање за трансфер, Јунајтед веќе најде замена

Според тврдењата на англиските медиуми, Пол Погба во наредните денови и официјално ќе испрати барање за трансфер до раководството на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот не го променил мислењето, сака промена на средината, а Манчестер Јунајтед веќе му најде замена и брза да го договори трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг.

Најсилен интерес за Погба покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, а играчот е задоволен со било која од овие две опции, но никој не сака да ја плати сумата од 160 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.

Двата клуба се обидуваат да понудат играчи плус пари. Јувентус нуди 70 милиони евра плус Дибала, додека Реал е спремен да го даде Герет Бејл плус 80 милиони евра.

Јунајтед е свесен дека ќе мора да прифати една од овие две понуди, бидејќи не сака да има незадоволен фудалер во своите редови и смета дека така додатно ќе падне неговата цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…