Пол Погба во Манчестер Јунајтед нема подеднакво квалитетен играч, смета неговиот брат Матијас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Готово цело лето се шпекулираше дека Пол Погба може да го напушти Манчестер Јунајтед.
За него најсилен интерес покажуваше Реал Мадрид, но на крајот „кралевите“ не беа спремни да ја платат сумата која ја бараа „црвените ѓаволи“.
„Пол знае дека не може да го напушти Јунајтед и затоа максимално ќе се посвети на клубот. Не е лесно, бидејќи има голема одговорност“, смета Матијас.
„Многу добри играчи заминаа од клубот ова лето. На негово ниво остана само уште Де Геа, кој е голман. Тоа значи дека од Пол се очекува најмногу на секој натпревар“, заклучи братот на Погба.
Французинот ги одигра сите четири натпревари од почетокот на сезоната и забележа две асистенции.