Дома Фудбал Повредата не била наивна: Дени Илиев надвор од теренот неколку недели

Повредата не била наивна: Дени Илиев надвор од теренот неколку недели

Дени Илиев во финишот од преодниот рок од Арсенал беше испратен на позајмица во третолигашот Шрузбери со цел да брани и да собира искуство

Илиев добро започна и беше прв избор на голманската позиција во овој тим. Сепак, пред натпреварот минатиот викенд се повреди и не можеше да настапи. Сега од клубот за англиските медиуми потврдиле дека повредата на Илиев не е наивна и тој ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели.

Илиев во последно време и редовно добива повик од Игор Ангеловски во репрезентацијата на Македонија каде што е трет избор зад Димитриевски и Шишковски. Сега прашање е дали ќе може да биде со репрезентацијата за натпреварот против Грузија на 12. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново бара излез од кризата против тимот што веќе го совлада

По четири првенствени средби без триумф, Шкендија Арачиново го пречекува Тиквеш во Чаир. К…