Академија Пандев денес дојде до победа во Тетово против Ренова и продолжи да му дише во врат на лидерот Шкупи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И во овој натпревар важна улога одигра најдобриот стрелец Мартин Мирчевски. Мирчевски беше асистент на првиот гол кој беше дело на Маронг, а во 77. минута и самиот се запиша во листата на стрелци. Голот за утеха во финишот од мечот за Ренова го постигна Селмани.
Академија Пандев сега има 31 бод, Шкупи 32 на лидерската позиција. Чаирчани својот натпревар од ова коло го играат утре против дома против Струга.
По победата следуваше и победничка фотографија.
Фото: ФК Академија Пандев.