Денес во македонското првенство се одигра последното коло од есенскиот шампионат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ренова на гости кај Македонија Ѓорче Петров во еден интересен натпревар славеше победа од 2:3. Мухарем ја доведе Ренова во предност на пет минути пред крајот на првиот дел. Во вториот дел домаќинот брзо изедначи преку Адем, а во 70 минута Бразилецот Фернандињо постигна прекрасен гол за водство од 2:1. Ренова само една минута подоцна изедначи преку Селмани, а на три минути пред крајот на истекот на регуларните 90 Шефити погоди за 2:3.
Вардар забележа убедлива победа на гости против Беласица. Мирчевски уште во 18 секунда го отвори резултатот. Во вториот дел Стојчевски и Цветановски ги поставија конечните 0:3.
Пелистер со гол во саммиот финиш на Маневски ја победи Шкендија во Тетово.
Во останатите натпревари со по 2:1 славеа Работнички дома и Струга и Академија Пандев како гости.