Дома Останати Пливачот „дебелко“ од островот Палау ги освои симпатиите во Токио 📸

Пливачот „дебелко“ од островот Палау ги освои симпатиите во Токио 📸

Летните Олимписки игри носат големи приказни, но има и некои малку поинакви херои кои освојуваат со нешто друго и добро ќе ја насмеат јавноста.

Палау е мал остров во Тихиот Океан па самиот настап на некој спортист на ОИ за нив е голем успех. Станува збор за земја со само 18.000 жители.

Вниманието сега го привлече нивниот пливач Шон Динглиус Валас. Валас за разлика од останатите пливачки кои сме навикнати да ги гледаме со спортска градба изгледаше „нормално“ како „обичен човек“.

Разбирливо со ваква форма не можеше да очекува некој посериозен успех, успеа да ја заврши трката, но не беше ниту последен. Во неговата група заврши како четврти од шест натпреварувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…