Дома Фудбал Лига на шампиони Пирло: Судијата мораше да има храброст да досуди пенал

Пирло: Судијата мораше да има храброст да досуди пенал

Вчера Јувентус беше поразен од Порто, а спорна ситуација се случи во последните минути кога Заиду го собори Роналдо во шеснаесетникот.

Голем дел од стручните коментатори ширум Европа го делеа мислењето дека Јувентус во таа ситуација требало да добие пенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислам дека беше пенал, судијата ни даде објаснување дека мечот бил завршен и затоа не сакал повторно да ја гледа ситуацијата. Чудно е затоаш то станува збор за шанса која може да влијае на конечниот резултат. Мораше да има храброст после прегледувањето на снимките да досуди пенал иако натпреварот беше завршен“, изјави Пирло.

Ќе потсетиме таква ситуација за која што зборува Пирло веќе видовме од кога е воведен ВАР и тоа на еден натпревар на Манчестер Јунајтед и на мечот во Бундеслигата помеѓу Мајнц и Фрајбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капи…