Иако Челзи беше еден од тимовите кои во минатото имаа само еден или двајца англиски фудбалери во својот состав, сепак ситуацијата во премиерлигашот драстично се менува по доаѓањето на новиот газда Тод Боели.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите ги изненади најновата информација на британските медиуми дека Кепа Аризабалага и неговиот колега Едуард Менди ќе бидат заменети од друг голман, и тоа повторно Англичанец, а станува збор за Џордан Пикфорд.




Мора да се признае дека Пикфорд веќе неколку сезони брани на врвно ниво во Евертон, иако на „карамелите“ не им оди најдобро во Премиерлигата, но сепак изненадува оваа одлука на раководството со оглед на тоа дека претходно беа заинтересирани за Роберт Санчез од Брајтон.