Дома Фудбал Останато Перез: Роналдо е идиот и болесник, Мурињо не е нормален!

Перез: Роналдо е идиот и болесник, Мурињо не е нормален!

Шпанските медиуми продолжуваат да објавуваат аудио снимки од претседателот на Реал Мадрид, сега е објавено како Перез ги навредува Роналдо и Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно беа објавени разговори во кој Перез лошо зборува за Касиљас и Раул Гонзалез, сега се објавени нови. Ако ги пропуштивте претходните два дела можете да ги прочитате тука: ПРВ ДЕЛ, ВТОР ДЕЛ.
На најновите разговори Перез ги навредува Португалците, Кристиано Роналдо, Жозе Мурињо и Фабио Коентрао.

„Кристиано е луд. Овој човек е идиот, болесник. Мислите ли дека е нормален? Не може да биде нормален кога прави се како што прави. Кристиано и Мурињо се личности со големо его. Двајцата се размазени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Да се малку поианкви сигруно би заработиле и повеќе пари. Мурињо е ненормален“.

„Коентрао е морон. Човекот вози без возачка дозвола. Обично го*но!“, наводно се зборовите на Перез.
Самиот Перез во јавноста се огласи за овие снимки.

„Објавените цитати доаѓаат од разговори кои тајно ги сними новинарот Хозе Антонио Абљан кој со години безуспешно се обидува да ги продаде“, изјави првиот човек на Реал.

Инаку „Ел Конфендисијал“, медиумот кој ги објавува разговорите ќе продолжи да објавува делови до наредната недела кога се најавува дека ќе бидат објавени целите разговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот заплака пред камери поради капитенот на Јапонија: Чувствувам голема вина – му нанесов болка!

Јапонија одлично го отвори Светското првенство, играјќи нерешено 2:2 против фаворизираната…