Дома Топ вести Перез „фатен на дело“: Бекам е добро момче, Касиљас и Раул се најголемите измами во Реал!

Перез „фатен на дело“: Бекам е добро момче, Касиљас и Раул се најголемите измами во Реал!

Шпанскиот медиум „El Konfidensal“ објави скандал во кој е вклучен првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тие некако успеале да дојдат до снимен разговор во кој Перез зборува лошо за легенди како Икер Касиљас и Раул, а од друга страна го фали Бекам.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејвид е паметно момче, заработува 30 милиони евра по сезона. Роналдо Да Лима, исто, Зидан 25…Но, го имаш Раул кој не продава ниту дрес, ниту нешто друго, медиумски нема никакво влијание. Мисли дека Реал Мадрид е негов, лош е и го уништува клубот“.

Потоа на ред доаѓа Касиљас.

„Навивачите го обожаваат, не знам зошто го бранат толку многу. Тој е првата измама од играч, втор е Раул. Најголемите две измами во дресот на Реал“, зборува Перез.

„El Konfidensal” најави дека наредниот викенд ќе биде објавен целиот разговор засега се објавуваат само делови. Снимките се од 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…