Дома Фудбал Перез вети: Ќе се засилиме со фантастични фудбалери!

Перез вети: Ќе се засилиме со фантастични фудбалери!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги израдува фановите и влеа оптимизам после разделбата со Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перез откри дека клубот работи на нови засилувања и дека ова лето ќе пристигнат фантастични фудбалери на „Сантиаго Бернабеу“.

„Ние сме Реал Мадрид и секогаш сакаме повеќе. Секој трофеј е нов чекор за нови победи. Тимот ќе биде засилен со фантастични фудбалери“, изјави Перез на преставувањето на новото засилување Алваро Одриазола.

„Многумина сметаа дека е невозможно да освоиме три титули во ЛШ со ред. Тоа е плод на голем талент и жртва. Сите добро знаеме колку се високи очекувањата од овој клуб“, додаде Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…