Дома Фудбал Англија Пеп Гвардиола ги договори условите: Познато е новото име во составот на Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ги договори условите: Познато е новото име во составот на Манчестер Сити

Нов член на „Граѓаните“ ќе стане 23-годишниот француски фудбалер, Емерик Лапорт, кој ги договори сите услови со тимот на Пеп Гвардиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фантастичниот дефанзивец во вторник ќе отпатува во Манчестер, каде ќе ги направи лекарските прегледи за потоа ќе потпише повеќегодишен договор со Сити.

Неговиот досегашен клуб, Атлетик Билбао ќе заработи многу. Баскијците на крајот прифатија сума од 70 милиони евра и тој ќе стане вториот најскап дефанзивец во историјата. Рекордот го држи Вирџил Ван Дајк кој Ливерпул го плати 84,5 милиони евра.

Лапорт кариерата ја мина во Билбао, а иако важи за еден од најдобрите млади дефанзивци се уште не дебитирал за А селекцијата на Франција.

Со преминувањето во Сити сигурно ќе биде поблиску до зацртаната цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…