Дома Трансфер зона Пасторе ја отвори вратата за трансфер

Пасторе ја отвори вратата за трансфер

Во јануарскиот преоден рок Хавиер Пасторе беше голема желба на Интер, но на крајот остана во Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, како што стојат работите Пасторе ја игра последната сезона во ПСЖ и на лето сигурно ќе ја промени средината.

Аргентинецот оваа сезона беше стартер само на 17 натпревари за „светците“. Новиот тренер Томас Тухел најави доста промени во тимот за наредната сезона, а француските медиуми тврдат дека нема да смета на Хавиер Пасторе.

Притоа, ПСЖ ќе мора да продаде дел од своите фудбалери поради Финансискиот фер-плеј на УЕФА, а Пасторе е прв на списокот.

Аргентинецот е свесен дека нема иднина на „Паркот на принцовите“, па и самиот призна дека не знае каде ќе игра следната сезона.

„Не знам каде ќе играм следната сезона. Претходно треба да го освоиме и Купот на Франција, после на лето ќе одлучам за својата иднина“, изјави Пасторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…