Офанзивниот играч за врска на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе готово сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пасторе заработи повреда уште во септември, но после рехабилитацијата не може да се наметне за поголема минутажа кај тренерот Унаи Емери.
28-годишниот Аргентинец оваа сезона запиша само 4 настапи во шампионатот, а после доаѓањето на Нејмар и Мбапе, јасно е дека се помалку ќе има простор за него.
Поради тоа тој самиот сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а како фаворит за неговиот потпис се споменува милански Интер.
Пасторе беше првиот голем трансфер на катарските сопственици во 2011 година и за неговиот потпис на Палермо му платија 40 милиони евра.