Дома Тенис Париското невреме ги одложи дуелите од Ѓоковиќ и Надал на Ролан Гарос

Париското невреме ги одложи дуелите од Ѓоковиќ и Надал на Ролан Гарос

Вчерашното невреме во Париз им создаде проблеми на организаторите на вториот тениски Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.

Предвидените четвртфинални мечеви во машка конкуренција Рафаел Надал-Пабло Карењо-Буста и Новак Ѓоковиќ-Доминик Тим се одложени за во среда.

Ова значи дека сите четртфинални мечеви во машка конкуренција ќе се одиграа в среда, останатите два дуела се Енди Мари-Кеи Нишикори и Стан Вавринка-Марин Чилиќ.

Покрај предвидените четвртфинални мечеви во машка конкуренција, одложен е дуелот во двојки Зимоњиќ/Вердаско против Дутра Силва/Лоренци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…