Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандевци му се заблагодарија на Дориев, тој веќе тренира со Шкендија

Пандевци му се заблагодарија на Дориев, тој веќе тренира со Шкендија

Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој кариерата ќе ја продолжи во тимот од Тетово.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Академија Пандев потврди дека до разделба дошло бидејќи Дориев сакал нов предизвик.

„Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб“, соопштија од Академија Пандев.

Трансферот беше официјализиран вчера за 70.000 евра, а Дориев денес го одработи првиот тренинг со Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …