Минестерот за спорт, Борко Ристовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше што се одработил во првите сто дена на новата позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во оваа прилика тој најави дека македонските спортски легенди како Горан Пандев, Иџе и Кирил Лазаров повеќе нема да рекламираат спортски обложувалници.
„Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев нема повеќе да рекламира спортска обложувалница, нема ниту Иџе да рекламира, а на Лазаров му заврши договорот со компанијата, и нема да го продолжи. Мислам дека овие лица ќе ги видите на другата страна, како промовираат вистински вредности“, рече Ристовски.