Дома Останати Националната пливачка федерација доби нов претседател

Националната пливачка федерација доби нов претседател

По подолги години во кои видовме многу поделби, македонското пливање конечно е обиденото.

За нов претседател на Националната пливачка федерација е избран Сашо Лазаровски.

Информацијата на потврди Министерот за Спорт, Борко Ристовски.

„Ги поздравувам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување. Министерството за спорт ќе посредува и ќе помогне во решавањето на проблемите што со години го обременуваа овој спорт.

По овој обединувачки момент, во најбрз можен рок ќе биде одблокирана сметката на федерацијата.

Не смееме да дозволиме поделбите да одат на штета на пливачите и на децата што со љубов го одбираат овој спорт!

Обединети за подобри резултати и посилен спорт! “, објави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…