Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард се предомислил од првичната намера да го напушти клубот и е спремен да потпише нов договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Павард минатото лето настојуваше да ја промени средината бидејќи не беше задоволен со малата минутажа. Меѓутоа, остана во клубот и оваа сезона игра одлично, па ги промени плановите.
24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, а интерес за него покажуваат Барселона, Манчестер Јунајтед и Интер.
Меѓутоа, Павард сега ја променил одлуката, сака да остане во Минхен и е спремен наскоро да потпише нов договор.