Дома Фудбал Англија Оштетен автобусот на Манчестер Сити, пристигна извинување од Ливерпул (ВИДЕО)

Оштетен автобусот на Манчестер Сити, пристигна извинување од Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул и Манчестер Сити моментално го играат првиот натпревар во рамки на четвртфиналето во ЛШ на „Енфилд“, а делегацијата на „Граѓаните“ имаше „одличен“ пречек пред стадионот на „Црвените“.

Имено, голем број навивачи од Ливерпул со помош на пиротехнички средства и навреди го пречека автобусот на Манчестер Сити кој пристигна на „Енфилд“, а потоа поединци одлучија со лименски и останати предмети да маваат по автобусот во кој се наоѓаше екипата на Гвардиола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во таа прилика, автобусот беше оштетен, а набрзо од Ливерпул пристигна и извинување за ваквите постапки на навивачите на овој клуб.

„Најостро ги осудуваме случувањата кои претходеа на мечот во ЛШ, а кои резултираа со оштетување на клупскиот автобус на Манчестер Сити. Се извинуваме на Пеп Гвардиола, неговите играчи, персоналот и челниците кои се наоѓаа во непријатна ситуација“, порачаа од Ливерпул на официјалната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…