Дома Трансфер зона Очекувано: Интер донел одлука за Лукаку!

Очекувано: Интер донел одлука за Лукаку!

Како што стојат работите, Ромелу Лукаку ги брои последните денови на „Џузепе Меаца“, бидејќи „нероаѕурите“ немаат намера да ја продолжат позајмицата на Белгиецот од Челзи на уште една година.

Лукаку летово беше еуфорично пречекан, поради неговата прва епизода во Милано која беше фантастична. Сепак, овој втор мандат на Белгиецот во Интер е далеку од успешен.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лукаку дојде во Интер оваа сезона како позајмен од Челзи со опција за продолжување на позајмицата на уште една година. Но, учинокот од само три гола во Серија А, од кои два постигнати по пенали, е премалку за Интер во овој момент да ризикува и спортски, а уште повеќе финансиски, чекајќи Лукаку да експлодира како во некогаш.

На негово место веќе сериозно размислува за алтернативи, а опција може да биде Роберто Фимрино, кој за неколку месеци ќе биде слободен играч, но за Бразилецот е заинтересиран и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…