Дома Трансфер зона Официјално: Фернандо Љоренте има нов клуб

Официјално: Фернандо Љоренте има нов клуб

Шпанскиот голгетер Фернандо Љоренте конечно пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во неговата родна земја во тимот на Еибар кој игра во втората шпанска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона Љоренте беше член на Наполи, па на Удинезe, a без клуб е од јули. Во Еибар Љоренте веќе успешно ги помина медицинските прегледи после што клубот и го потврди трансферот.

Во својата голема кариера Љоренте го носеше дресот на Атлетик Билбао, Јувентус, Свонси И Тотенхем. Со Шпанија во 2010 стана светски шампион, додека две години подоцна се искачи и на тронот на Европа. Сигурно дека искуството кое го има Љоренте ќе биде важно за тимот на Еибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…