Дома Фудбал Официјално: Србија доби нов селектор

Официјално: Србија доби нов селектор

Фудбалската репрезентација на Србија денес доби нов селектор.

Младен Крстајиќ е новиот селектор на Србија. Како што пренесуваат српските медиуми ова била очекувано одлука на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Крстајиќ ја доби нашата доверба во наредниот период, заклучно со Светското првенство во Русија. За деталите од договорот ќе разговараме повеќе по завршувањето на празниците кога ќе биде организирана и негова промоција.Во секој случај, како што потврди, Младен Крстајиќ е нашиот нов селектор“, изјави спортскиот директор на ФСС.

Крстајиќ беше член на стручниот штаб во квалификациите за СП во Русија, а го наследи Славољуб Муслин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…