Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Србинот Петриќ две години во Вардар!

Официјално: Србинот Петриќ две години во Вардар!

Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961.

Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петриќ доаѓа е екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.

Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…