Дома Фудбал Англија Официјално: Рој Хоџсон на 75 години повторно ќе води клуб во Премиер лигата

Официјално: Рој Хоџсон на 75 години повторно ќе води клуб во Премиер лигата

Искусниот 75-годишен Рој Хоџсон е наследникот на Патрик Виера на клупата на Кристал Палас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хоџсон го напушти Палас во 2021 година, но остана близок со управата и сега добива нова шанса да го води овој тим. На клупата на Палас Хоџсон седна во 2017 година и успеа клубот за кој навива да го извлече од тешка ситуација и да го стабилизира во Премиер лигата.

Во 2022 година кратко беше во Вотфорд. Неговата главна задача до крајот на сезоната ќе биде да обезбеди опстанок.

Палас нема победа веќе на 12 натпревари и има само три бода повеќе од Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Разочарувањето во Милан може Модриќ да го натера предвреме да се пензионира?!

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, може да ја заврши својата г…