Дома Трансфер зона Официјално: Рома ги откупи Манчини и Верето

Официјално: Рома ги откупи Манчини и Верето

Рома ги откупи договорите на дефанзивецот Џанлука Манчини и играчот за врска Џордан Верето, потврди клубот на официјалната страна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата играчи пристигнаа на „Олимпико“ под наем, а „волчицата“ ја искористи опцијата за откупување уште пред крајот на сезоната.

Манчини пристигна од Аталанта за 2 милиони евра, а Рома сега доплати уште 13 милиони евра, притоа се обврза да плати дополнителни 8 милиони евра како бонуси.

Вкупната сума која Рома ја плати за Верето е 16 милиони евра, плус треба да и плати на Фиорентина доплнителни 2 милиони евра како бонуси.

И двајцата фудбалери се во стартниот тим на Фонсека, Манчини има 31 настап оваа сезона, додека Верето запиша 33 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…