Дома Фудбал Италија Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегашен тим Ница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест во интервју ја потврди и претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер.

Флорен Гизолфи си заминува, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добра личност и многу го цениме тоа. Му посакуваме се најдобро. Негово беше барањето да замине, а ние не сакавме да му стоиме на патот“, рече Ривер.

Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да плаќа оштета.

Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тијаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…