Дома Трансфер зона Официјално: Немања Матиќ е нов играч на Рома!

Официјално: Немања Матиќ е нов играч на Рома!

Од денес Немања Матиќ и официјално е нов фудбалер на Рома. Клубот од Рим го официјализираше трансферот на српскиот фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Матиќ ова ќе биде трет пат да соработува со Жозе Мурињо откако претходно двајцата соработуваа во Челзи и Манчестер Јунајтед. Србинот ја даде и првата изјава за медиумите по потписот на договорот.

„Чест ми е што доаѓам во овој клуб и со нетрпение ја чекам новата сезона со новите соиграчи. Рома е одличен клуб со неверојатни фанови. Жозе Мурињо е добро познат на сите и се надевам дека со него ќе направиме големи работи“, изјави Матиќ.

Во Рома Матиќ ќе го носи дресот со број 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…