Дома Македонски спорт Официјално: Нема пречки Ердал Ракип да игра за Македонија!

Официјално: Нема пречки Ердал Ракип да игра за Македонија!

Фудбалерот на Малме Ердал Ракип веќе може да биде дел од списокот на Благоја Милевски уште за претстојните квалификациски натпревари кои ќе ги играме со Лихтенштајн и Германија во октомври.

Ракип ја доби потребната дозвола од ФИФА да настапува за Македонија. Тој веќе подолго време има македонски пасош, а сега сите пречки се отстранети и тој може да почнe да настапува за нашиот национален тим.

Со Ракип би се зголемила конкуренцијата во средниот ред, а сигурно ќе дојде добро и во кога Енис Барди и Арјан Адеми се неизвесни поради повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…