Дома Трансфер зона Официјално: Наполи донесе двајца нови голмани

Официјално: Наполи донесе двајца нови голмани

Ден на потписи во Наполи. Само неколку часа откако го официјализираа доаѓањето на Фабиан Руиз, италијанскиот клуб го потврди доаѓањето на двајца нови голмани.

Нови голмани на Наполи се Алекс Мерет кој доаѓа од Удинезе каде лани бранеше на 13 средби за овој клуб, како и Орестис Карнезис кој минатата сезона ја помина на позајмица во Вотфорд исто така од Удинезе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мерет се смета за еден од најдобрите млади голмани во Италија и најверојатно ќе биде прв голман на местото од Пепе Реина.

Карнезис пак доаѓа како голман со големо искуство и би требало да ја има улогата на втор голман.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи за двајцата голмани плати 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…