Дома Останати Кошарка Официјално: Луиџи Датоме е нов кошаркар на Олимпија

Официјално: Луиџи Датоме е нов кошаркар на Олимпија

Продолжуваат промените во тимот на Фенербахче.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После заминувањето на Жељко Обрадовиќ турскиот клуб остана без можеби најконстатниот играч во изминатиот трофеен период, Луиџи Датоме. Фенер преку својот официјален сајт ја извести јавноста дека спогодбено го раскинал договорот со италијанскиот репрезентативец. Еден од најдобрите играчи кариерата ќе ја продолжи во Олимпија од Милано.

Јасно беше дека Датоме ќе си замине од Фенер после одлуката да се намали буџетот за наредната сезона. Датоме беше еден од најплатените играчи на Фенер и имаше важечки договор до 2022 година.

„Џиџи Датоме, играчот кој имаше важна улога во историските успеси кои ги постигнавме од 2015 година одлучи да си замине и да премине во друг клуб“, стои во соопштението од турскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Земјотрес во НБА: Најавена „чистка“ во Денвер – ќе остане само Јокиќ?!

Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, и тоа од десеткуваната Мине…