Дома Фудбал Англија Официјално: Коло Туре започна самостојна тренерска кариера

Официјално: Коло Туре започна самостојна тренерска кариера

Поранешниот фудбалер, Коло Туре започна самостојна тренерска кариера и потпиша договор со Виган.

Досега Туре беше дел од стручниот штаб на Брендан Роџерс во Лестер, меѓутоа ја прифати понудата од Виган да го води клубот. Поранешниот премиерлигаш потврди дека со Туре потпишале договор на три ипол години.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека Коло Туре е нов тренер на првиот тим“, објави англискиот клуб.

Како фудбалер Туре 14 години помина во Премиер лигата носејќи го дресот на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“ од Островот: Ливерпул го заврши трансферот вреден 144 милиони евра!

Ливерпул е многу блиску до реализација на еден од најголемите трансфери ова лето, откако с…