Дома Фудбал Официјално: Карик е нов менаџер на Мидлзборо

Официјално: Карик е нов менаџер на Мидлзборо

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик е именуван за нов менаџер на Мидлзборо, кој моментално е во втората англиска лига.

 Ова е прва постојана работа на Карик како менџер откако работеше како помошник на Оле Гунар Солскјер и Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Карик го водеше Манчестер јунајтед и како самостоен тренер на три натпревари, пред да пристигне Ралф Рангник во клубот. 

„Возбуден сум што станувам дел од клуб со долга историја и траиција. Мидлзборо беше првиот професионален клуб за кој играв како деветгодишно момче, така што емоциите се големи“, изјави 41-годишниот Англичанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…