Дома Тенис Официјално: Енди Мари не игра на Австралија Опен

Официјално: Енди Мари не игра на Австралија Опен

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мари денес и официјално потврди дека ќе го пропушти првиот Грен слем турнир во годината, Австралија Опен.

Мари нема стапнато на терените од минатогодишниот Вимблдон поради повредата на колкот од која никако да се опорави.

„За жал нема да играм во Мелбурн оваа година, не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро се враќам дома за да ги разгледам сите опции. Ги ценам пораките со поддршка, се надевам дека наскоро ќе се вратам”, соопшти Мари.

Тој моментално се наоѓа на 16 место на АТП листата, а неодамна го откажа и настапот на турнирот во Бризбејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Грбот го мачи Ѓоковиќ во Париз: Амановиќ интервенираше уште на првиот тренинг

Новак Ѓоковиќ доби третман на долниот дел од грбот пред настапот во Париз, каде што му е п…